Состојки
- тиквички- 2 парчиња
- модар патлиџан- 1 парче
- црвен кромид- 2 глави
- зелена пиперка- 1 парче
- едно парче пилешко филе
- оригано
- бибер
- вегета
- сол
- маслинов зејтин
- копар
Подготовка
Целиот зеленчук се мие, се чисти и се сече на тенки парчиња, исто така пилешкото филе се сече на тенки парчиња.
Модриот патлиџан се посипува го со сол и се чека да се исцеди малку вода од него, за да излезе горчината.
Во тавата се редат: модар патлиџан, тенки парчиња пилешко филе, зелени пиперки, црвен кромид, тиквички. Се редат додека не се наполни тавата.
Тие се наредени густо без растојание.
Липо Рататуј со пилешко се посипува одозгора со малку сол, бибер, оригано, зеленчук и маслиново масло, на се тоа додаваме 1 чаша вода.
Зеленчукот и филето се печат во загреана рерна на 180°C околу еден час.
По желба може да се попрска со копар или лук.
Наредениот зеленчук со пилешко во рерна е соодветно јадење за првите 14 дена од програмата на неинвазивна липосукција.