Ако Вашите прехрамбени навики не се правилни и довеле до обезност или нарушување на здравјето, морате трајно да ги промените. Животот треба да го прилагодите на Вашите потреби. Ако сакате добар изглед и добро здравје, треба да ги усогласите и прехрамбените навики. Врамнотежена исхрана подразбира да јадете храна која Ви користи, а да избегнувате храна која Ви штети. Тоа значи дека од време на време може да изедете парче торта, но тоа не значи дека внесот на шеќер треба да биде Ваш секојдневен стил на исхрана туку исклучок.